Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На продажба вила со потписот на Френк Лојд Рајт

Ремек дело од педесетите години од минатиот век, кое беше дизајнирано од угледниот американски архитект Френк Лојд Рајт, сега се наоѓа на продажба…

Познат под називот “Neils House“, ова резиденција од 250 метри квадратни може да биде ваша, доколку сте подготвени да платите 2.75 милиони долари како би станале негов сопственик. Сместена на облата на езерото Минеаполис, која се карактеризира со кедрова шума, ова вила беше во сопственост на Хенри Џеј Нилс и неговата сопруга Фрида.

Како што кажува и самиот архитект, куќата може да послужи како пример за убав дом, кој содржи класични елементи од периодот после Втората Светска Војна. Со впечатлива камена фасада, овој дом може се истакнува со низа едноставни елементи кои славниот архитект ги имаше развиено заедно со сопствениците. Всушност, Хенри Нилс работеше како дистрибутер на камен и архитектонски материјал, па на тој начин куќата го доби тој необични и неконвенционалени мермерни ѕидови.

Куќата се наоѓа на имот од пола хектар, а поседува три спални соби и исто толку купатила. Планот на просторот е во облик на буквата “L”, одвојувајќи го дневниот простор и спланите соби, додека прозорите се од подот до плафонот, пропуштајќи неверојанта количина на природна светлина. Ретро мебелот не враќа назад во шеесетите и на еднинствен начин го урамнотежува просторот.

Ви советуваме да ја прегледата нашата галерија.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement