Најздравите, најисполнети врски се оние во кои не само што сте задоволни, туку можете да ги извлечете најдобрите квалитети едни од други.
Кога тоа не се случува, туку се судирате со почесто отколку што сте на истата страна, тогаш има проблем.
Можеби сте слични, а можеби тој само го вади најлошото од вас и ова се некои знаци кои покажуваат дека не сте баш едни за други.
Кога се расправате, се расправате на грд начин
Расправијата со него никогаш не е пример за продуктивна комуникација. Наместо решавање на проблемот и држење до една тема, секогаш ќе се сеќавате на стари кавги, користите грди и несоодветни зборови, го обвинувате дека лаже и ве мами без никаков доказ. Немате граници и немате логика кога се расправате, само сакате да ставите во преден план дека сте во право, а другата страна е крива. Ова е веројатно затоа што тој се расправа на ист начин, така што немате друго решение да го достигнете, освен да користите иста стратегија, и сето тоа е многу лошо.
Ги игнорирате односите со другите луѓе
Партнерот никогаш не треба да ви биде целиот ваш живот. Мора да имате време што го поминувате одделно, каде секој прави нешто поразлично и нешто го сака и тоа го исполнува. Секој од вас треба да има пријатели и интереси надвор од врската. Ако дозволите други врски да згаснат затоа што не можете да потрошите време одвоено од него, на крајот ќе се каете.
Не ги поддржува вашите цели
Секогаш кога ќе разговарате со него за вашата кариера, тој се чини дека е незаинтересиран или воопшто се чувствувате глупаво кога му кажувате за тоа. Му кажувате дека сакате да го намалите внесот на алкохол, но тој постојано ве носи надвор ноќе и ве тера да пиете уште еден пијалок. Она што ви треба е човек кој може да ги почитува вашите одлуки и цели и ќе даде се од себе за да ви помогне да го постигнете тоа.
Ги охрабрува вашите лоши навики
Ако вашето момче има исти пороци како вас, можеби нема да сака да ги смените вашите лоши навики, затоа што тоа може да значи дека треба да се смени и тој. Потребен ви е човек кој сака да ве види дека ќе се чувствувате подобри и кој ќе ви помогне во тоа, а не оној кој ги охрабрува вашите лоши навики.

Вашите пријатели не го сакаат затоа што никогаш немате нешто убаво да кажете за него
Претпоставуваме дека не сте негативна личност, но ќе се соочите со тоа кога немате ништо убаво да кажете за момчето со кое сте во врска. Ако не сте задоволни и гледате дека ништо нема да се промени по тоа прашање, можете слободно да заминете, затоа што секој ден му се жалите на некој сигурно не е добро.
Луѓето велат дека сте различни кога сте со него
Дали сте сосема поинаква личност со пријателите и семејството отколку што сте со него? Ако е така, луѓето ќе забележат. Ако не сте слободни да бидете тоа што сте со него и ако се преправате дека сте некој друг, тоа дефинитивно не е добра работа. Вие не можете да носите маска и да се преправате засекогаш, и тоа нема смисла.
Станувате љубоморни на сè
Ако не сте некој кој по својата природа е љубоморен и некој кој имал љубоморни испади во претходните врски, а сега одеднаш се чувствувате љубоморни, тоа е знак дека тој е лош за вас. Ако вашиот партнер го разбуди ова во вас со своето однесување, тоа значи дека не му верувате и не се чувствувате безбедно и мирно во таа врска.
