Плочките при декорација на нашите домови, одамна го пронајдоа својот пат надвор од купатилата, кујната и ходникот…
Во се поголемата понуда на бои, текстура, димензии и теми кон кои се насочуваат брендовите, лесно е да се пронајде нешто кое ќе ви се допадне. P-saico е свеж концепт на мозаик кој е потпишан од страна на брендот Mosaico+, а нуди совршено – несовршен изглед на исталација.
Овие плочки кои имаат неправилна површина, со самото тоа создаваат тродимензионален ефект на материјалот. Иако генерално мозаиците се инсталаираат во универзална геометриска форма P-saico од нас бара нешто сосема друго.
Создаден како проект развиен од страна на Studio Irvine, P-saico е базиран на модуларен концепт, проширувајќи го потенцијалниот начин на употреба на мозаикот. P-saico е наменет за подни и ѕидни делови, а може да се користи во естериерот и ентериерот.
Композицијата на модулот P-saico се ослонува исклучиво на вашата имагинација и потреба, овозможувајќи ви да креирате се што ќе посакате.






