Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Маска против ковид-19 со цена од 1,5 милиони долари

Дури и кога се појави вирусот корона, знаевме дека нема толку лесно да ја напушти нашата планета…

Песимистите веруваат дека тој ќе биде присутен засекогаш и дека едноставно ќе треба да се адаптираме ѝ да живееме со него. Од таа причина, постојаните заштитни маски имаат повеќе смисла кај некои луѓе, во споредба со оние што се фрлаат веднаш по употребата, а богатите сигурно не сакаат да носат нешто просечно. Анонимен кинески бизнисмен, кој живее во Соединетите држави, ѝ довери на израелска компанија за накит задача да создаде маска во форма на ремек-дело, која дефинитивно може да се нарече најскапа од ваков вид во целиот свет.

Изработено е од злато, украсено со дијаманти и чини неверојатни 1,5 милиони долари. За разлика од впечатливата златна маска што му припаѓа на Индискиот, Шанкар Кураде, која нема заштитна функција, оваа маска создадена од 18-каратно бело злато е украсена со 3.600 бели и црни дијаманти, а опремена е со врвни филтри N99 на барање на клиентот.

Исак Леви, сопственик на накит компанијата Yvel, прими уште две барања од купувачот, покрај очигледниот заштитен фактор – маската требала да се направи до крајот на оваа година и морала да биде најскапа во светот.

Сега, кога поголемиот дел од светот се навикна да живее под маски, најбогатите луѓе во светот пронајдоа инспирација за создавање вакви необични модели. Според извештаите, оваа маска користи 270 грама злато за производство.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Канитта Тонгнак (40) работела како продавачка на облека три години на улиците на градот Чон Даен на северот на Тајланд. Отпрвин сè изгледа нормално,...

Cotton Club

Брендот Микимото е познат низ целиот свет како најпознат златар во Јапонија. Колку што бисерите им помогнаа да чекорат по својот пат, толку и...

Wall Street

Рут Бадер Гинсберг почина во петокот на 87-годишна возраст. Оваа харизматична жена, со мала градба, имала неверојатен животен пат, често прошаран со машка доминација...

Cotton Club

Jimmy Choo дефинитивно нѐ изненади со својата нова соработка. Луксузната марка се здружи со Тимберленд за да создадат колекција што „го комбинира гламурот на...