Запознајте ja Very Merry Cherry
Брендот Marc Jacobs Beauty ја објави својата нова колекција за празнични шминки, Very Merry Cherry. Претставена во пакет зелени нијанси на морска пена со прекрасни цреши, новата колекција содржи производи за очи, усни и лице.
О! Mega Glaze All-Over Foil Luminizer, хајлајтер во прав, ќе додаде сјај на вашето лице без светки, во нијанса во ограничено издание наречено Glitzy. Дополнителното големо пакување е втиснато со брендирање на Марк Џејкобс и преголеми цреши како украс, што ги прави колекционерски предмети.
Придружната палета на сенки за очи содржи четири нијанси на топол тон, вклучувајќи бледо розова, циклама и боја на тули. За усните, кармините Le Marc добија нова нијанса на црвена цреша од марашино, Oh Miley!. Покрај тоа, маскарата Marc Jacobs Velvet Noir Major Volume е исто така облечена во специјален пакет со цреши.
Цените на новините од оваа специјална колекција се движат од 27 до 49 долари, а истите ќе можат да се купат од 16 октомври.





