Познатата дестилерија Macallan е инспирирана од ерата на деведесеттите …
Всушност, тие само што го претставија својот нов единечен слад, роден во една деценија, кој најмногу се поврзува со гранџ музика и dial-up интернет. Новото издание од 1993 година претставува 57-то шише во познатата колекција Fine & Rare, кое патува во минатото до 1926 година. Ова виски созрева во шери буриња и дабови веќе дваесет и седум години, а сега е конечно подготвено за колекционерите, кои се подготвени да платат дури 18.000 америкаснки долари за тоа.
Како што се очекуваше, на ова виски нема недостаток на вкус – содржи ароми на ванила, цитрус, цреши, сливи и праски, со ноти на цимет, ѓумбир и пуканки, придружени со сладок даб и темно чоколадо. Со само 256 шишиња на располагање, ова виски се придружува на навистина престижното семејство на виски, кое вклучува некои од најексклузивните понуди за еден слад.
За да го одбележи ова издание, Macallan го ангажираше фотографот Тим Вокер, кој на навистина специфичен начин го претстави расположението на целата оваа приказна. Тој го фотографирал познатото виски во стилот на деведесеттите години, на брегот на реката во близина на дестилеријата.
Како што веќе рековме, цената на овој виски е 18 000 долари, а заинтересираните можат да го купат преку официјалната веб-страница на брендот.
