Дијамантот на сите е најдобар пријател, а Louis Vuitton само што купи еден огромен скапоцен камен што доаѓа од Боцвана…
Според наводите, додека модната куќа Louis Vuitton има околу 166 години, нивниот нов најдобар пријател датира од периодот пред 1 или 2 милијарди години и го доби името Сетуни. Во превод од локалниот јазик, Сетуни значи цвет, а сега познатиот камен е откриен од брендот Louis Vuitton во партнерство со Lucara, водечки производител на големи и исклучителни дијаманти и HB Antverpen.
Заедно, тие ќе го претворат Сетуни во исечени и полирани дијаманти што ќе се користат за производство на накит за врвна клиентела на брендот Louis Vuitton. Со производството ќе управува HB Antverpen, кој ќе користи технологии за скенирање и планирање за да ја одреди цената на четвртиот по големина дијамант во историјата на Боцвана. Извршниот директор на Lucara, Ира Томас, изјави: „Ние сме исклучително задоволни што ја продолжуваме нашата работа на револуционерното партнерство воспоставено претходно оваа година. Louis Vuitton и HB Antverpen ќе ја трансформираат Сетуни … во извонредна колекција со дијаманти, задоволувајќи ги исклучиво желбите на глобалната база на клиенти на Louis Vuitton.“
Севело е уште еден огромен „несечен дијамант“ со тежина од 1.758 карати во сопственост на брендот Louis Vuitton, кој го купи на почетокот на оваа година. Тој е втор по големина дијамант на планетата.
