Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Каде во светот може да се ужива во најскапите коктели

Што се наоѓа во еден коктел? Па, единствен сигурен одговор кој може да се даде е – стил.

Светски познатите алкохолни пијалоци ги претставуваат модерните, бескрајни комбинации на неограничени можности и вкусови. Таквите комбинации на алкохолни пијалоци, овошни сокови и уште многу друго, воодушевуваат многумина веќе повеќе од два века, но секако, сето тоа доаѓа со своја цена. Иако коктелите, дури и оние кои можеме да ги наречеме обилни, се прилично со високи цени, а екслузивните верзии доаѓаат со цени кои се петтоцифрени. Можеме да ги наречеме преценети, арогантни, но факт е дека се олицетворение на стил и чист луксуз. Овој пат, ви ги претставуваме седумте најскапи коктели во светот и локации каде се служат:

7. Ritz-Paris Sidecar – $1,670

Ritz Hotel во Париз, тврди дека го послужува најскапиот Sidecar коктел на светот. Ова не е само еден од најскапите пијалоци во светот, туку и едно од најстарите. Речиси 100 години, овој коктел се смета за класика. Се подготвува од коњак кој е флаширан пред 150 години – помеѓу 1830 и 1870 година, Kuantra и лимонов сок.

6. Sapphire Martini – $3,000

Еден од најскапите коктели во Америка може да се нарача во Foxwoods Resort Casinu. Цената на ова мартини не потекнува само од неговата слава, туку од обетките од сафир и дијаманти кои го следат. Тој содржи Bombay Sapphire џин, сув вермут и ликер од портокал обоен во плава боја.

5. Diamond Cocktail – над $4,000

Овој коктел се служи во Sheraton Park Hotelu во Лондон. Пијалокот претставува мешавина од коњак кој чини околу 1.000 долари по шише, како што е Charles Heidsieck Vintage 2001 шампањ и emy Louis Martin XIII коњак. Коктелот се служи со дијаманти и рубини на дното од чашата.

4. Martini on the Rock – $10,000

На само неколку минути оддалеченост од Рокфелер Центарот, се наоѓа Algonquin хотелот, во кој може да уживате со камен внатре во чашата, буквално. Се разбира, дека не станува збор за обичен камен, туку дијамант. За да го нарачате ова мартина, мора да резервирате однапред.

3. Gigi’s at Gigi’s – $10,000

Се послужува во ексклузивниот ресторан во лондонската населба Мејфер, а овој коктел е создаден во чест на пејачката и глумица Грејс Џоунс. Тој претставува мешавина од 1990 Cristal vintage шампањ и 1888 Samalens Vieille Relique Vintage Bas Armagnac бренд. Се послужува со златни листови на врвот.

2. Ono Champagne Cocktail – $10,000

Овој кокетл се служи во Лас Вегас, а се базира на шампањ, додека овој коктел го следи сет од Montblanc копчиња за манжетни и бисерна огрлица креирана од 18-каратно злато и дијаман. Пијалокот се состои од реткиот 1981 Charles Heidsieck шампањ и Louis XIII Black Pearl коњак, при што едно шише чини 90.000 долари. Коктелот се служи со свеж сок од портокал, Sence Rose нектар, праска и две коцки мраз.

1. Diamonds are Forever – $22,600

Најскапиот коктел во светот се нарачува во Ritz-Carlton хотел во Токио, кој воедно е и највисокиот во главниот град на Јапонија. Содржи комбинација од Grey Goose вотка со лимет и дијамант од еден карат на дното од чашата, коктелот исто така доаѓа со елемнти од 18-каратно злато. Цената го има направено толку ексклузивен, што до сега се послужени само два.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement