Rimor X јахтата е дизајнирана да ве однесе од едниот до другиот крај на земјата, а нејзиниот ентериер не потсетува на луксузна хај-тек палата, отколку на традиционално истражувачки брод…
Авантуристите во ова издание, дефинитивно ќе се подмладат и ќе ги совладат сите нови предизвици во свеото – можеме слободно да кажеме дека тоа беше основната на размислување која стои позади Rimor X проектот, кој претставува концепт во кој е комбиниран неверојатен луксуз и техничка моќ. Настанал врз основа на соработка помеѓу Sturge Design и луксузната туристичка компанија Pelorus, ова експедитерска јахта е дизајнирана да може да го посетите секој дел од земјата – од ледениот Антарктик до најодалечените полинезиски острови.
Еден од главните конекции на Rimor X јахтата со водата е нејзината Mermaid ложа, која поседува стаклен прозор, нудејќи константен поглед под површината на водата. Друг елемент е базенот со сопствена ложа која може да се трансформира во хангар за хеликоптер само со едно копче, огромна теретана, спа, џакузи и уште многу.
Дизајнирана е за љубителите на авантури, а има доволно место за четиринаесет патници во седум кабини. Вообичаените “играчки“ на секоја гигантска јахта, како подморниц, џет скии и други детали секако дека се достапни, заедно со потребната опрема.
Ова јахта буквално може да ве однесе каде и да посакате – од нуркање во беспрекроните води на Соломонскиот остров до истражување на корали, па се до возење мотори на санки по најодалечените антарктички делови.






