Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Интервјуто со Александар Медарски, менаџер на продажба во Техномаркет: “Жените секогаш се со префинет вкус и знаат што сакаат!“

Runway: Секоја жена обожува да купува работи за својот дом, а вие им овозможивте не само на жените туку и на мажите им го овозможувате тоа, а притоа им давате и можност да добијат Смарт картичка со која ќе имаат дополнителни поволности при купувањето во салоните на Техномаркет, Coincasa и @Home. Што значи SMART картичката за вашите лојални купувачи?

Александар Медарски: Како резултат од нашето искрено пријателство со купувачите решивме да овозможиме бенефит повеќе за нив со SMART картичката. Сите оние граѓани кои ќе аплицираат за својата лојална SMART картичката ќе добијат право на ексклузивност до голем број промотивни акции, попусти, вредносни ваучери и специјални промоции што се наменети само за членовите во програмата за лојалност на Техномаркет, Coincasa и @Home.

Runway:  Како може да се аплицира за картичката на кој начин и какви бенефиции ќе имаат вашите купувачи?

Александар Медарски: Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Постои и можност тоа да го направат и online, каде својата апликација треба да преземат, пополнат и пратат електронски преку нашата веб страната http://www.technomarket.com.mk. По изработка на картичката, бесплатно ќе можат да ја подигнат од најблискиот салон на Техномаркет или во салонот што тие сами ќе го одберат.

0

Runway:  Исто така, имате понуда од страна на Смарт сервисот која не треба да се пропушти за сите оние што се љубители на големи ТВ екрани. Што овозможува овој СМАРТ сервис?

Александар Медарски: Смарт сервисот е нова услуга во Техномаркет што преставува бесплатна достава и инсталација на сите телевизори со екран поголем од 55 инчи. Сервисот вклучува инсталација на телевизорот, програмирање на тв канали, поврзување на телевизорот со други уреди, како и обука за управување и користење на услугите што ги нуди самиот телевизор. Па затоа, сите оние што сакаат да закажат инсталација, тоа можат да го направат на 02/3088-098 или да пишат на priem@kikservice.com.mk и нашите колеги ќе го потврдат точното време за инсталација.

Runway:  Жените како ваши редовни потрошувачи, за што најмногу се интересираат и што најчесто купуваат во вашите салони Техномаркет, Coincasa и @Home?

Александар Медарски: Жените секогаш се со префинет вкус и добро знаат што сакаат кога ќе дојдат во нашите салони. Во Техномаркет најчесто ги интересира промоција на апаратите за домаќинство и бела техника, но во последно време, многу често се заинтересирани и влијаат во изборот и на телевизори. Кога станува збор за продажните салони Coincasa и @Home, тогаш тие таму купуваат се. Овие продавници се полни со уникатни и квалитетно дизајнирани производи што секогаш наоѓаат примена во домот, а жените таа уникатност и квалитет ја сакаат, ја добиваат и ја имаат.

Runway:  Кои се вашите совети за купување, како да бидат практични и воедно да го заштедат својот буџет?

Александар Медарски: Купувачите треба да го искористат искуството и познавањето на нашите продавачи во врска со производите што се продаваат. Иако имаат потреба од некој апарат за домаќинство, најдобро е првин да се консултираат со нив за полесно да одберат најадекватен производ согласно потребите, а притоа да бидат земени во обзир сите параметри кои влијаат на правилниот избор (бренд, цена, пост продажна услуга, висина на гаранција…) За се што ги интересира, нашите продавачи стојат на располагање да помогнат и им овозможат да го добијат најдобриот производ по најдобра цена. Секако, препорачуваме да си земат и SMART картичка која овозможува многу бенифити и попусти во купувањето на нашите производи од Техномаркет, Coincasa и @Home.

000

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement