Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Huus Gstaad Hotel – Луксуз опкружен со снег и мраз

Хотелот Huus Gstaad ги отвори своите врати во декември 2016 година, каде веќе е меѓународно познат и има редовни посетители…

Овој комплекс на сместувачки единици во топол стил се соочува со планините на овој регион, нудејќи ви голем број луксузни активности и услуги. Главната цел на дизајнерите на овој хотел e да дизајнираат простор каде секој ќе се чувствува добредојден, како дома, со опкружувачка околина, исполнета со топлина и луксуз. Комплетно реновиран, овој хотел ги замени своите обични sидови со стаклени панели од подот до таванот, воодушевувајќи ги сите свои гости со изобилство на природна светлина.

Хотелот Huus Gstaad нуди 136 соби и апартмани, поделени во четири категории, но секое сместување за гости содржи големи кревети, балкони или тераси од кои може да се воодушевувате на убавината на планините или градината, како и нежно ќебе што ќе ви помогне да создадете пријатна, луксузна атмосфера. Предностите што им се нудат на гостите, секако вклучуваат планински активности и сè што ви треба за нив – ранци, алуминиумски шишиња и двоглед. Просторните бањи имаат дабови полици, рафинирани црни плочки и сиви камчиња за да ви помогнат целосно да ја промените околината. Во сите простории, големите заоблени прозорци ви даваат можност да го впиете швајцарскиот пејзаж, придружуван од цветни ароми што ја исполнуваат секоја соба.

Друг спектакуларен дел од овој хотел е Дневната соба. Тоа е простор од околу 400 квадратни метри, и вклучува чардак и бар, кој нуди најдобри пијалоци од овој регион, заедно со библиотека и голема тераса. Современите парчиња мебел и украси им даваат на гостите можност да се релаксираат по денот поминат во снег, додека хотелскиот консиерж е тука за да ви ги понуди најдобрите можни совети.

Пред сè, хотелот Huus Gstaad нуди незаборавен момент на релаксација со димензии околу 2.000 квадратни метри и зафаќајќи три ката. Овде можете да му се восхитувате на панорамскиот поглед на градината од финската сауна или да се опуштите во ароматичната сауна и нејзините мириси. Спа-центарот има и фонтана со мраз, голем базен, часови за детски бањи и јога, со неизбежни масажи.

За време на вашата релаксација во хотелот, можете да уживате во фантастичните гастрономски деликатеси подготвени од готвачот Џузепе Колеја. Благодарение на своето искуство, тој го претвори хотелот Huus Gstaad во една од најдобрите гастрономски дестинации во регионот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement