Луксузната модна куќа е посветена на заштитата на природниот свет и животинското кралство, онолку колку што е посветено на светот на модата и служење на модничари …
Љубовта што брендот Гучи ја култивира за кралот на светот – лавот, е многу позната, додека годинава, таа беше пренесена на едно ново ново ниво, кога Гучи се приклучи на организацијата „Фонд на лавовите“, во февруари годинава. Иницијативата, предводена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), има за цел да се справи со кризата во природата, биодиверзитетот и климатските услови ширум светот.
Целта на фондацијата е да се соберат над 100 милиони долари годишно во текот на следните пет години, а Гучи е една од брендовите што придонесува најмногу за целата приказна. Креативниот директор на марката, Алесандро Микеле, овој пат ја толкуваше љубовта кон лавовите во форма на најновата колекција накит – колекцијата Lion Head. Лавот може да се види на бројни креации на Гучи од минатото, како што се дизајни во парчиња готови облека, линијата Гучи Декор и овој пат, во дизајнот на накит.
Царот на џунглата очигледно управува со колекцијата, додека главата на лавот е лајтмотив на целата приказна. Таа е акцентирана со дијаманти и прекрасно држи обоени камења во забите.
Колекцијата е креирана од бело и жолто злато, и содржи парчиња како обетки, ѓердани, прстени и нараквици обликувани со дијаманти и обоени скапоцени камења. Оние што сакаат да остават силен и смел впечаток, можат да научат нешто од лавот Гучи, кој навистина изгледа кралски.
