Информациите до кои дојдоа оние кои се занимаваат со објавување скриени информации се исклучително разнолики, откривајќи ги некои од откажаните проекти од оваа јапонска компанија, како на пример, бројни прототипи, како индетаљи за култните игти, кои досега не сме ги знаеле. Во овој случај , ќр пишуваме за играта Супер Марио 6р, која во 1996 година се појави за Нинтендо конзолата, воведувајќи револуција во серијалот за Супер Марио, но и во видео игрите, застапувајќи го тродимензионачното гејмање.”Гигалик”, со објавувањето бројни документи ни ги открива процесите за развојот на Супер Марио 64, а најинтересниот меѓу нив е оној за почетокот и крајот на креативниот процес.
Благодарение на документите се дознава дека развојот на оваа игра датира од 7 Септември 1994 година, а завршил на 20 Мај 1996 годин, што значи дека процесот на создавање на играта траел 622 денови, односно отприлика 20 месеци.
Исто така, меѓу протечените фајлови откриен и работниот наслов на играта — Ултра Марио 64. За среќа, креативните директори се откажале од овој наслов, а уште нешто што не се најде во финалната верзија е Луиџи, кој пак бил планиран за друга игра.
