Производителот е Oral-B, а станува збор за четка за заби iO од серија 9 која работи со помош на вештачка интелигенција. „Линеарно магнетно чистење“ и „Осцилациони, ротирачки движења“ се фразите што биле користени за да се опише овој уред, но сега знаеме колку чини тоа задоволство – дури 500 фунти.
И покрај високата цена (пакетот не вклучува 16 GB RAM меморија, слушалки или четири камери), производителот инсистира на тоа дека iO вреди да се инвестира. Тие тврдат дека тие го развиле шест години и дека повеќе од 1.800 луѓе поминале низ клинички испитувања и дека резултатите се беспрекорни, пишува Engadget.
