Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Faberge претставува Скапоцено јајце инспирирано од култната серија Game of Thrones

Златарските производи на познатата куќа Faberge вметнаа ексклузивен подарок вреден 2,2 милиони долари, специјално наменет за љубителите на иконската серија Game of Thrones, како дел од десетгодишнината од нејзината премиера…

Водечката дизајнерка на Faberge, Лиза Талгрен, се здружи со наградуваната дизајнерка на костумите во серијата, Мишел Клептон и Warner Bros. Одделот Consumer Products, работат заедно за да создадат змејско јајце украсено со накит, инспирирано од самата Мајка на змејовите, Денерис Таргариен.

„Дизајнот беше дизајниран како упатување на неверојатното патување низ кое помина Денерис, истакнувајќи ја важноста на бојата на нејзините костими, нејзината страст кон нејзините змејови и начинот на кој ги пренесуваше пораките со накитот за време на серијата“, објаснува костимографот.

Со виолетови, сини, црвени и сребрени скапоцени камења со дијамантски акценти, надворешноста на јајцето е дизајнирана да личи на текстурата на змејовите и нивните иконски јајца. Внатрешноста, крие друга страна, во себе сокрива изненадување со прекрасна декорација на рубини – тоа е минијатурна верзија на круната што Денерис би ја носела на Железниот трон, со змејска глава и крилја што се креваат зад неа.

„Со помош на круната создадов упатување кон нејзините змејови, нивните крилја кои го штитат прекрасниот рубин што ја претставува Денерис, бојата на нејзината куќа и нејзиниот поход према тронот“, додаде Клептон. Структурата на целото јајце е фиксирана на мал пиедестал украсен со дијаманти, кој е поврзан со опашката на змејот.

Иако конечната верзија на композицијата ќе биде претставена подоцна оваа година, Faberge го објави првичното соопштение сега, за да се совпадне со католичкиот Велигден и лансирањето на проектот The Iron Anniversary, што ќе одбележи 10 години од премиерата на првата епизода од позната серија.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betsat   grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom