Судејќи според новите резултати од студијата на Универзитетот во Аугсбург во Минесота, мажите навистина претпочитаат русокоси, сметајќи ги за помлади и поздрави од другите жени.
Тука постојат и стереотипите, па затоа веруваат дека можат полесно да имаат сексуални односи со русокоса. Додека русокосите се попривлечни, сепак оние со кои би сакале да имаат секс се – жени со потемна коса.
Врз основа на фотографии од различни жени, машките испитаници одговорија на прашања поврзани со нивните преференци во љубовниот живот. Повеќето од нив ги сметаа русокосите за поубави, помлади и поздрави од жените со потемна коса.

Тие исто така веруваат дека русокосите се „полесни за соработка“ и дека полесно ќе излезат на состанок со нив. Меѓутоа, кога станува збор за мајката на нивните деца, тие претпочитаа жени со кафеава коса.
Резултатите од истото истражување покажуваат дека жените со долга коса изгледаат поздрави и помлади, а жените со средна коса лесно воспоставуваат врска со маж.

Зошто мажите навистина претпочитаат русокоси?
Одговорот е еволуција! Жените со руса коса се сметале за помлади и поплодни од другите во античко време.
За жал, поради изложеноста на русокосите во медиумите и шегите на нивна сметка, за мајката на нивните деца, денес би ја избрале онаа со потемна коса.
