Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Домовите на славните дизајнери низ објективот на Франсоа халард

Франсоа Халард, познат фотограф на архитектурата и ентериерот, во соработка со Рицоли ја претстави неговата книга, или како што сугерира насловот – визуелен дневник.

Преку 30-годишна кариера и соработка со големи списанија како Vogue, Apartamento и T Magazine, Халард стана најпознатиот фотограф на архитектурата и дизајнот на ентериер во наше време. „Франсоа Халард: Визуелен“ дневник е повеќе од обична coffee table книга или списание, медиум во кој Халард сè уште работи успешно, имено, во оваа книга ќе се забележи Халардовиот т.н. личен допир преку личните коментари во сопствен ракопис за просторите што го инспирираат.

View this post on Instagram

Cy at Gaeta #cytwombly @francoishalard

A post shared by Francois Halard (@francoishalard) on

Имено, неговиот уникатен фотографски сензибилитет во новата книга е надополнет со големо познавање на историјата на дизајнот, и секоја приказна може да се гледа како поука од гледна точка на голем уметник.

Во новиот визуелен дневник на Халард, читателите / гледачите ќе имаат можност, меѓу другото, да ја запознаат неокласичната зграда во Белгија што Дрис ван Нотен ја нарекува дома, како и екстравагантниот париски стан на Рик Овенс. Како дел од прикажаните 25 ентериери, оваа возбудлива книга ќе го претстави и домот на Халард во францускиот град Арл, истиот Арл кој е познат како важно место за инспирација за некои од најважните уметници од 19 и 20 век. Можеби оваа книга е идеално четиво со кое сакате да ги поминете постудените месеци кои ни се приближуваат на удобна фотелја.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement