Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Декорирајте ја трпезариската маса со Gucci Ѕвоно за храна

Најновото парче на Gucci во нивната колекција прибор за маса дефинитивно ќе го воодушеви секој ваш гостин.

Креативниот директор на овој бренд, Алесандро Микеле, кој е познат како една од водечките фигури во светот на модата и љубител на сè невообичаено, претстави класично ѕвонче за послужавник. Станува збор за метална купола, која треба да ја одржува вашата храна на вистинска температура до времето на сервирање, што во денешно време на микробрановите печки може да изгледа сосема бескорисно.

Направено во Италија од позлатен месинг, ова ѕвонче храбро чекори по линијата што ги дели goth и gothic. Матираната, лесно избрусена површина е врежана со отпечаток Gucci со употреба на античка техника од едната страна, додека од другата страна можеме да го видиме зборот Love. Круната на ова ѕвонче е рачка во форма на глава на волк, која изгледа како да гледа во два правци од еднаш.

Патем, ова парче е дел од новата колекција Souvenir from Rome на познатата марка, која ги позајмува своите теми и мотиви од колекцијата ready-to-wear и ги претвора во предмети за нашите домови. Ова ѕвонче е само една од повторувањата осмислени од модната куќа, додека други го менуваат волкот за змија, исечена калинка и многу повеќе. Прибор за јадење е само еден дел од комплетната понуда, која вклучува везени перници, миризливи свеќи и бројни други парчиња со познатиот допир на Gucci.

Достапно на страницата на познатата марка по цена од 1.100 долари, ѕвончето доаѓа со бесплатна услуга за гравирање, на која може да се додадат до три иницијали за личен допир.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement