Сè што сјае не е злато, но сигурно може да биде чаша џин… Дали ве збунивме?
Станува збор за најновото издание на Liquid Gold Alcohol, претставено како 24-каратен џин, што, како што можете да претпоставите, е направен со употреба на чисто злато. Произведен во Велика Британија, овој луксузен џин содржи богати билки како што се лаванда, семе од анасон и смрека, сите измешани со допир на течно злато. Џинот е создаден како рачна изработка од професионални миксолози, и нуди свеж вкус со мазна завршница.

Коментирајќи го овој гигант, Дејвид Конор, неговиот креатор, изјави: „Златото се користи за консумирање од најмудрите и најбогатите луѓе уште од памтивек. Во Александрија, пред 5.000 години, златото се сметало за минерал што има бројни придобивки кога станува збор за медицината. Во тоа време, се верувало дека ја стимулира виталноста. Денес, студиите покажуваат дека содржи траги на уникатни минерали со неверојатни својства, што му дава спектакуларна вредност. За нас, ги подобрува перформансите на телото и умот и промовира добро расположение.“

Доколку сте заинтересирани да го пробате златниот џин, повеќе детали можете да најдете на официјалната веб-страница на марката. Знаеме дека цената на едно шише е 1.350 долари.
