Вистинска уметност која раскажува прекрасни новогодишни приказни зад стаклените површини, ѝ дава посебен шмек на празничната сезона.
Оваа година, ништо не е нормално или вообичаено, така што секое навестување на некои минати времиња е убава можност за нас да се сетиме на сè што зедовме здраво за готово. Мислиме и на божиќниот дух, украси и целата убавина и топлина на празниците како што беа некогаш. Париз е еден од најубавите градови во светот, а особено е прекрасен за време на празниците кога сите улици изгледаат од бајка. Познати светски брендови придонесуваат за оваа магија, и секоја година се натпреваруваат во грандиозните украси на своите излози. И покрај годината, Chanel, Dior, Fendi и другите модни великани не пропуштија да донесат допир со таа празнична магија во Париз. Одморете ги очите малку и фантазирајте за следната година, кој се надевам дека ќе биде посреќена и подобра за сите нас.


