Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Casa Na Terra – Хотел во срцето на природата

Casa na Terra, сместен во близина на водниот тек Монсара, Португалија, е всушност нов хотел дизајниран од архитектот Мануел Ајрес Матеус…

Дизајниран да се вклопи во неговиот природен пејзаж, овој хотел ја претставува најновата понуда од португалската хотелска групација, Silent Living. Архитектонскиот дизајн на хотелот е секако изненадувачки за оние кои го посетуваат за прв пат – можеби дури и не го забележуваат на прв поглед!

Целата бетонска конструкција на Casa na Terra хотелот, е конструирана длабоко во земјата, како некогашните бункери. Единствени видливи елементи се дворот и куполата, и двете визуелно ги поврзуваат сите простории со природната средина. Хотелот има само три соби со приватни бањи и мали приватни дворови, кои пуштаат природна светлина од горе. Кујната и дневната соба се отвораат на голем двор, кој нуди неверојатен поглед на езерото Алкева.

Во ентериерот, хотелот има минималистички стил, завршен со цемент, дрво и огледала, за да создаде чувство на врска со природата што го опкружува. Посетителите можат да влезат во хотелот преку патека на зелениот покрив или од дворот лоциран подолу.

Покрај тоа што станува збор за вистинско ремек-дело на архитектурата, овој хотел ги содржи сите погодности за совршен одмор. Една ноќ во неа ќе ве чини 600 евра.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement