Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

BUSHMILLS лансира ново виски со ограничено издание

Познатиот бренд на ирско виски, Bushmills, повторно ни дава дел од својата магија – овој пат, во форма на ново издание на серијата Rare Casks…

Новата мешавина е дваесет и осумгодишен виски со еден слад, кое созревало во буре каде што некогаш престојувал коњак. Вискито содржи уникатен јачмен и свежа изворска вода, и е еден од најдобрите пијалоци што славниот бренд некогаш ги лансирал.

Ова виски, наводно, било дестилирано во 1992 година, пред да помине 11 години во буре Бурбон и Шери. После тоа, алкохолот се истура во буриња со арома од коњак, каде што поминува 17 години за да достигне совршена зрелост. Пијалокот ќе им понуди на своите обожаватели беспрекорен вкус составен од слатко-зачинета дрвенеста арома, со ноти на круша, бадем, ванила и цимет.

„Новата, годишна серија, Rare Cask, е неизбежен додаток на сите колекции, кои сакаат да го прошират својот репертоар на виски и да го откријат единствениот, елегантен вкус што го издвојува ирското виски, Bushmills, од сите други понуди што може да изгледаат слични“, изјави Ландер Отегви, виш потпретседател маркетинг.

Ограничено на само 500 шишиња, ова виски ќе се продава за 500 долари.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement