Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

BUGATTI ПРЕТСТАВИ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МАСИ ЗА БИЛИЈАРД ЗА ДОМОВИТЕ НА МИЛИЈАРДEРИТЕ…

Позната автомобилска компанија одлучи, покрај своите скапи автомобили, да инвестира и во производство на ограничен број маси за билјард, какви што досега не сме виделе.

Само 30 вакви маси се пуштени во продажба во светот, а она што ги издвојува е фактот што преку посебен механизам можат да се прилагодат на нерамнините на подот, што ги прави идеални за употреба во чамци и јахти. Секоја нога е дизајнирана да се движи и да го компензира движењето на бродот, правејќи ја неговата површина целосно рамна за само пет милисекунди.

Масата за билијард Bugatti е обработена од карбонски влакна со силна рамка поддржана од обработен алуминиум и титаниум.За да ја одбележи ексклузивноста, доаѓа со специјална плакета со иконското лого на Bugatti и изгравиран ограничен број на издание (1 од 30).

Колку некој би требало да плати за оваа ексклузивна маса? Само… 250.000 евра.

Се чини дека токму оваа маса веќе го привлече интересот на неколку милијардери кои би сакале да ја стават на својата палуба и непречено да играат билијард на отворено море. Што се однесува до прашањето зошто Bugatti одлучи да лансира и маси за билјард покрај суперавтомобилите, се чини дека француската марка смета дека е неопходно да го зајакне својот идентитет и наследство преку ексклузивна колекција на додатоци, играчки, па дури и облека. Колекцијата Bugatti Lifestyle вклучува десетици предмети инспирирани од неговите прекрасни суперавтомобили.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement