Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Бред Пит лансира сопствен розе шампањ

Fleur de Miraval ќе биде лансиран на 15 октомври, со цена од околу 400 УСД.

Каде што има волја, има и розе – барем тоа е случај со Бред Пит. По половина деценија работа, оскаровецот ја лансираше првата и единствена куќа за шампањ, која е посветена исклучиво на розе варијанти.

Пит сигурно не е странец кога станува збор за розе вино. Тој и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, заедно со семејството Перин, управуваат со популарната марка на розе, Миравал, создавајќи варијанта на куве, што според многумина е непобедлива.

Изгледа дека Бред собра околу него тим од соништата за создавање на ова ново вино, Флер де Миравал, кое вклучуваше петгодишно истражување и дегустација во тајност. Љубител на шампањ, Родолф Петерс, сопственик на Пјер Питерс Меисон, се приклучи на ансамблот за да го создаде првото шише пенливо вино, кое според овој тим, обично не е вино на позната личност, туку автентичен производ на производители на вино, што ги комбинира нивната стручност, вештини и страст.

Fleur de Miraval Exclusivement Rose, кој според францускиот закон мора да се изработи во рамките на североисточниот оддел на Шампањ, е создаден со употреба на старомодниот метод на saignee. Оваа техника, која е клучна кога станува збор за розе, ослободува дел од исцедениот сок кога е во контакт со кожата и семето, со цел да се направи подобро и посмело вило.

Шампањот е мешавина од 75 проценти од зрелото грозје Шардоне и 25 проценти од младите сорти Пино Ноар. Виното потоа созреваше во темните подруми на Ле Меснил-сур-Огер три години, пред да биде флаширано. Кога пиете една голтка, можете да очекувате интересни белешки од боровинка и малина, заедно со минералните својства на грозјето Шардоне.

Сигурни сме дека ова розе ќе предизвика голем интерес кај љубителите на пенливо вино, бидејќи за помалку од 10 години Миравал се покажа како една од најпопуларните брендови од овој тип. Покрај розовиот шампањ, тимот воведе и уште неколку нови вина и винарија.

Како дел од првата серија, ќе бидат претставени 20.000 шишиња Fleur de Miraval Exclusivement Rose, што придонесува за ексклузивност и цена.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement