Безвременската комбинација на црно-бела боја, може совршено да го декорирате било кој простор- од кујна па се до собите за спиење.
Внатрешните дизајнери обожаваат да ги искомбинираат овие две бои, во пруги или коцкасти варијанти, како и сите други варијанти. Овој дом кој е дел од Аndo студијата, ја претставува преубавата илустрација, комбинација на црно-бело. Дневната соба потсеќа на префинет салон. Преубавата бела фотеља со црни детаљи,белите ѕидови со дрвени панели, геометриски дизајнираниот тепих, модернизираните подни лампи, како и сите други акценти се соединуваат како би креирале завидлив конечен резултат.
Главниот декор на оваа просторија е нагласен со месинган акцент, кои придонесуваат за конечен луксузен амбиент на собата. Подот е од природно дрво и кое емитува топлина, без да се меша секако со елеганцијата која моѓе да се забележи тука.Просторот во дневната соба се шири покрај додатокот за седење во кој црно-белата тема е надополнета со темно виолетова нијанса.
Ходникот во овој простор е едноставно фантастичен. Неговата чиста брилијантност е сведок на супериорниот дизајн на ентериерот.Тоа го илустрира се она што можете да го направите со ѕидовите и таваните и како да може да им даде глас да оже да зборуваат за себе.За таков потфат не е потребо вложување ногу енергија. Всушност, ходникот би бил одличен кога би бил декориран само со висечки лустери.
Динамиката на овој прогресивен дизајн се прелива со леснотијата во просторот. Спалната соба има неутрални нијанси кои лесно се вклопуваат со црно – белиот дизајн.Кревет со кариран рамка опкружен со деликатни парчиња на мебел и елегантен акцент парчиња. Завесите се прекрасни и го подобруваат целокупниот простор. Мали акценти на одредени украси, како бели и месингани скулптури, совршено се распоредени како би креирале одличен хармоничен ефект.
Мозаикот од плочки во бањата е нешто што на ниедно друго место не можете да го видите. Црно-белиот распоред тука е мошне сензационален. Од прекрасните кружни металик огледала, до неверојатниот простор за оставање на одредени работи под лавабото, комбинација на беспрекорност и прогресивност во овој простор е неочекувана и неверојатна.
Ѕидната уметност која може да се види во овој дом е прилично оригинална, но и добро вклопена. Секое парче на уметноста има свој живот, а во исто време секој претставува енергија. Афинитетот на уметноста, на динамиката на текстури, брилијантнито ефектната бордура, важноста на детаљите и уметноста совршено го одбележуваат овој простор. Во секоја соба се е неверојатно добро. Фантастично!


















You must be logged in to post a comment Login