Познатото миланско студио за дизајн на јахти Officina Armare, го претстави својот нов концепт на јахти…
Станува збор за брзиот крузер, кој комбинира “угледен, модерен и спортски дизајн со неверојатна моќ“. Инспириран од светскиот хипер-автомобил A88 GranSport, изгледа како купе за на отворено море, со акцентирани детали на крмата, драматични линии на кровот, маженствен изглед и агресивен став.
Конструиран во целост од fiberglasa, A88 GranSport јахтата ќе добие погонски склоп соtwin 2.600 KS MTU 12V M94 дизел мотор, со Arneson површински пропелери, кои ќе и дадат максимална брзина од 40 чвора на час. Ледено сивиот труп на јахтата, заедно со карнонските спојлери, издувните делови и навигационите светла, му даваат навистина спектакуларен изглед.
Ексцентрична спортска естетика исто така го акцентира аеродинамичниот тврд покрив, кој доаѓа со стаклени панели, кои на патниците им дава можност да ужуваат во сонцето или ладовините кога се во кокпитот. Главната палуба ќе добие просторна трепезарија, со удобни елементи за седење и совршено опремен бар.
Под палубата, A88 GranSport може да прими до осум патници во своите четири беспрекорно опремени кабини, односно два поголеми главни апартмани и две двојни кабини, при што секоја од нив има свое приватно купатило. Првиот главен апартман ја зафаќа ширината на бродот и доаѓа со огромни прозори од двете страни, king кревет и туш.
Другиот главен апартман ќе биде сместен напред, додека пак двојните кабини ќе бидат помеѓу. Сепак, распоредот на просторот може да се промени во склад со желбите на идниот сопственик.









