Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

7 Најдобри Астро-Комбинации за БРАК! Кои Астролошки Знаци Најдобро си Одговараат?!

Иако се вели дека секоја комбинација на парови, без разлика на астролошките знаци, се способни за среќен и здрав брак, на некои тоа им е полесно, зашто и желбите и карактерите им се совпаѓаат, а некои од нив се овие.

Овен и Лав

Навидум станува збор за природни соперници. Како огнени знаци, и двајцата сакаат и имаат желба да извлечат колку што можат повеќе од животот. И двајцата сакаат партнер кој е подготвен за авантура. Со Овенот владее Марс кој внесува страст во врската, додека пак Лавот е под владеење на Сонцето кое нуди разум и рамнотежа. Овие два знаци заедно го создаваат огнениот двоец, кој создава можност за љубов до и заедништво до крајот на животот. 

Бик и Јарец

Бикот, со кого владее Венера е насочен кон создавање дом. Воедно, станува збор за знак кој сака да го создаде најсигурниот и најлуксузниот начина на живеење, а нивниот сон е да најдат некој со кого ќе можат истиот да го делат. Токму тука се појавува Јарецот, знак кој нуди сигурност, структура и партнер со кого внимателно ќе го гради животниот пат. Ако овие два знака завршат заедно, се создава неверојатна сила која ќе биде тешко да се запре, зашто сѐ што ќе постигнуваат во животот, ќе го постигнуваат заедно. Покрај тоа, имаат одлични предиспозиции за негување долгорочни страсти. 

Близнаци и Вага

И за двата претставници, влегувањето во брачните води претставува остварување на стравовите, зашто се чувствуваат ограничени. На нив им е потребна постојана ментална стимулација и предизвици, а потребен им е партнер со кого никогаш нема да им исчезнат темите за разговор. За среќа, овие два знака одлично се надополнуваат. На пример, на вагите им е потребно време за себе, како би ги наполните батериите, а ова пак на близнаците им отвора можност да ги следат своите инстинкти, интереси и страсти. Станува збор за рамнотежа, која опишува како нивниот брак би функционирал одлично како доживотно партнерство. 

Риба и Рак

Не постојат толку идеалистички знаци како рибата, а тие често претендираат потполно да се предадат во врската како би можеле да си ја остварат својата љубовна фантазија. Поради тоа завршуваат со скршени срца, но шансите за тоа да се случи им се најмали со раковите. Припадниците на тој знак, под својата заштитна маска ја кријат својата ранлива страна и огромна емпатија, па затоа ја разбираат емотивната природа на рибите. Оваа романтична врска помеѓу нив има длабоки корени, исполнета е со нежности и меѓусебна поврзаност. 

Девица и Бик

На девицата и е тешко да најде партнер кој би живеел во согласност со нејзините стандарди, и кој би можел да ги поднесе конструктивните критики во најдобронамерни цели. Бикот е тврдоглав и доволно самоуверен да остане верен на себеси. Па, поради тоа бикот во девицата може да ги разбуди карактеристиките за кои ни таа не знаела дека ги има. Партнер кој ви помага да станете најдобрата верзија од себе? Тоа е она што го сакаш покрај себе засекогаш.

Скорпија и Јарец

Со Шкорпиите владее Плутон, па затоа генерално станува збор за доминантен партнер во најголемиот дел од односите, но кога скорпијата ќе го сретне јарецот, открива дека едноставно е најсреќна во врска со балансирана динамика на искажување моќ. Тоа е поради тоа што со јарецот владее Сатурн, кој пак поседува сопствен погон на движење. Она што особено ги зближува е фактот што јарецот има енергија поради која скорпијата е подготвена да му верува, да се отвори и да се препушти. Овој однос е набиен со страст и меѓусебно воодушевување.   

Стрелец и Водолија

Кога огнениот стрелец ќе се сретне со водолијата се случува избувнување на она што ги прави единствени, наместо да се обидува да ја скроти нивната индивидуалност. И двата знаци се фокусирани на слободата и им треба многу простор за да бидат тоа што се. Еден во друг наоѓаат партнер кој ги разбира. Тоа значи дека постои мал притисок за усогласување, што и за двата знака може да биде главна причина за растурање на односот. Овие два знака можат да функционираат заедно, славејќи ја сопствената единственост. 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Канитта Тонгнак (40) работела како продавачка на облека три години на улиците на градот Чон Даен на северот на Тајланд. Отпрвин сè изгледа нормално,...

Cotton Club

Брендот Микимото е познат низ целиот свет како најпознат златар во Јапонија. Колку што бисерите им помогнаа да чекорат по својот пат, толку и...

Wall Street

Рут Бадер Гинсберг почина во петокот на 87-годишна возраст. Оваа харизматична жена, со мала градба, имала неверојатен животен пат, често прошаран со машка доминација...

Cotton Club

Jimmy Choo дефинитивно нѐ изненади со својата нова соработка. Луксузната марка се здружи со Тимберленд за да создадат колекција што „го комбинира гламурот на...