Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

5 домашни растенија кои ќе ви помогнат подобро да спиете навечер

Иако домашните растенија главно се користат како декоративен елемент кој на некој начин внесува свежина во домот, тие може да имаат и многу други корисни намени.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-navecer-01.jpg

Една од начините со кој можете да придонесете за квалитетниот сон во текот на ноќта е одгледувањето на одредени домашни растенија чиј смирувачки ефект ќе му помогнe на организмот полесно да се опушти после напорниот ден и многу полесно да заспие.

Најдобро е овие растенија да ги чувате во спалната соба или на некое светло место од каде ќе црпат доволно светлина и топлина.

1. Арека палма (Chrysalidocarpus lutescens)

Ова растение го прочистува воздухот и ги отстранува токсините заедно со јаглерод диоксидот. Исто така испушта одредена количина на влажност во воздухот, што го прави особено корисно во текот на зимските месеци кога системите за загревање значително го сушат воздухот.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-nokje-02

2. Алое вера

Едно од најефективните растенија кога станува збор за чистење на воздухот од потенцијалните опасни хемикалии, како што е на пример формалдехидот. Во текот на ноќта испушта кислород, карактеристика која не е вообичаена за поголемиот дел од растенијата. Исто така влажноста која ја ослободува има позитивен ефект врз човечкиот имунитет.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-nokje-03

3. Бенџамин (Ficus benjamina)

Бенџаминот е на врвот на листата на растенија кои го прочистуваат воздухот. Тој отстранува повеќе од 70% од бензенот, амонијакот, толуенот и другите штетни нечистотии од воздухот кои може да бидат испуштени од синтетички предмети со низок квалитет како што се линолеумот и иверицата.

Помага во уништувањето на постоечките микроби и со тоа го подобрува севкупниот квалитет на вашиот сон, а покрај другото ќе изгледа навистина добро во вашата спална соба.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-nokje-04

4. Сансеверија (Sansevieria trifasciata)

Ова растение е добро за вашиот респираторен и имунитетен систем. Значително помага во намалувањето на главоболките и намалување на високиот крвен притисок. Слично како и алое верата, и тоа испушта кислород во текот на ноќта, апсорбирајќи го штетниот јаглерод диоксид.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-nokje-05

5. Папрат Нефролепсис (Nephrolepis exaltata)

Ова растение е богато со есенцијални масла, флавоноиди и други супстанции. Затоа, овој цвет ќе биде одличен регулатор за вашиот нервен систем и ќе ви помогне да се справите со стресот.

5-domasni-rastenija-koi-kje-vi-pomognat-podobro-da-spiete-nokje-06

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement