Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Тајната на здравата коса на Меган Маркл: Како војвотката се грижи за нејзината бујна кафена фризура

LONDON, ENGLAND - JUNE 09: Meghan, Duchess of Sussex and Prince Harry, Duke of Sussex during Trooping The Colour on the Mall on June 9, 2018 in London, England. The annual ceremony involving over 1400 guardsmen and cavalry, is believed to have first been performed during the reign of King Charles II. The parade marks the official birthday of the Sovereign, even though the Queen's actual birthday is on April 21st. . (Photo by Chris Jackson/Getty Images)

Секое појавување на војвотката од Сасекс привлекува големо внимание, и иако многу се зборува за нејзиниот стил, косата на Меган Маркл е нејзиниот скриен адут. На последните неколку појавувања нејзината долга и сјајна коса привлече големо внимание, а многумина се прашуваат која е тајната на совршено негуваната коса на Меган.

Фризерот Џорџ Нортвуд, кој со години соработуваше со војвотката од Сасекс, откри неколку тајни на совршената коса на Меган Маркл.

  • „Многумина мислат дека Меган има додатоци за коса, но за време на две години соработка, ние никогаш не и ставивме надградба. Сето тоа е, здрава и бујна коса.“ – рече Џорџ.

По тој повод, тој се осврна и на промената на фризурата, што Меган ја направи за време на карантинот.

  • „Долгата, права коса значи голема животна промена и сила. Оваа нова фризура претставува ново поглавје за неа, без строги протоколи и правила.“

Иако сега бира долга права коса, Меган Маркл во неколку интервјуа откри дека има бујна, природна виткана коса, на која и е потребен стајлинг.

Како успешна актерка, Меган го затвори и блогот „Тиг“, на кој пишуваше за нејзините омилени начини на грижа за коса и за рутините. Тогаш откри дека темелната хидратација е многу важна во нејзината нега, што ги храни краевите и ја прави косата да изгледа здраво, сјајно и меко на допир.

Една од тајните на здравата коса на Меган Маркл е фактот дека таа не ја обојувала премногу, но ја нијансира својата боја со малку посветли прамени и била бринета во текот на целиот свој живот. Затоа нејзината коса е совршено здрава.

Во текот на целиот свој живот, Меган отсекогаш имала долга коса, а единствената промена се пократките шишки на косата, кои го врамуваат лицето.

Омилени фризури на Маркл се неуредни и софистицирани пунџи, кои совршено одат со нејзиниот лежерен, а сепак класичен и елегантен стил.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement