Секое појавување на војвотката од Сасекс привлекува големо внимание, и иако многу се зборува за нејзиниот стил, косата на Меган Маркл е нејзиниот скриен адут. На последните неколку појавувања нејзината долга и сјајна коса привлече големо внимание, а многумина се прашуваат која е тајната на совршено негуваната коса на Меган.
Фризерот Џорџ Нортвуд, кој со години соработуваше со војвотката од Сасекс, откри неколку тајни на совршената коса на Меган Маркл.
- „Многумина мислат дека Меган има додатоци за коса, но за време на две години соработка, ние никогаш не и ставивме надградба. Сето тоа е, здрава и бујна коса.“ – рече Џорџ.
По тој повод, тој се осврна и на промената на фризурата, што Меган ја направи за време на карантинот.
- „Долгата, права коса значи голема животна промена и сила. Оваа нова фризура претставува ново поглавје за неа, без строги протоколи и правила.“
Иако сега бира долга права коса, Меган Маркл во неколку интервјуа откри дека има бујна, природна виткана коса, на која и е потребен стајлинг.
Како успешна актерка, Меган го затвори и блогот „Тиг“, на кој пишуваше за нејзините омилени начини на грижа за коса и за рутините. Тогаш откри дека темелната хидратација е многу важна во нејзината нега, што ги храни краевите и ја прави косата да изгледа здраво, сјајно и меко на допир.
Една од тајните на здравата коса на Меган Маркл е фактот дека таа не ја обојувала премногу, но ја нијансира својата боја со малку посветли прамени и била бринета во текот на целиот свој живот. Затоа нејзината коса е совршено здрава.
Во текот на целиот свој живот, Меган отсекогаш имала долга коса, а единствената промена се пократките шишки на косата, кои го врамуваат лицето.
Омилени фризури на Маркл се неуредни и софистицирани пунџи, кои совршено одат со нејзиниот лежерен, а сепак класичен и елегантен стил.
