Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

138 метри висока! Дали знаете каде се наоѓа најголемата кружна зграда во светот?

Бидејќи е изграденa во 2013 година, кругот Гуангжу се смета за најголемата кружна зграда во светот. Сместенa е во истоимениот јужен кинески град во провинцијата Гуангдонг по должината на бреговите на реката Перл.Кругот Гуангжу опфаќа 83.000 квадратни метри, се искачува на 138 метри во висина и опфаќа вкупно 33 спрата. Се издвојува од слични кружни згради во светот со дупка во средината на зграда со дијаметар од 48 метри.

Иако изгледа како џиновска американска крофна, нејзиниот облик е симболично поврзан со кинеската историја и традиција. Како прво, изгледа како древна кинеска паричка, што не е изненадувачки ако се знае дека во зградата се сместени две важни финансиски институции – седиштето на влијателната корпорација Хонгда Ксинџ и еден од најголемите места за пластично тргување во светот – Гуандонг Пластична размена.

Обликот на зградата потсетува на древните кинески жад дискови со име bi, кои се сметале за симбол на рајот и еден од првите религиозни артефакти во областа, и кои датираат од 3000 година п.н.е.

Италијанскиот архитект Џозеф ди Паскале вклучи мноштво симболички детали во изгледот на зградата. На пример, ако го погледнете одразот на една зграда во реката Перл, тоа ќе личи на осум – кинески број кој симболизира просперитет, а кој во западната култура исто така претставува бесконечност.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement