Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

12 симптоми дека сте ги окупирале неговите мисли, а и неговото срце

  1. Се прави важен. Дури и да се работи за ситница, ако почне да ви кажува за сите свои достигнувања, тој дефинитивно е луд за вас. Или тоа, или тој е егоцентричен манијак. Но, без грижи, лесно ќе ја видите разликата.
  2. Ве отпратува до дома. Без разлика дали е со такси или пеш, тој ве следи сè до вратата и се грижи дали безбедно сте стигнале, иако живее на другата страна на градот.
  3. Го допира долниот дел од грбот. На некои луѓе им се допаѓа физичка интимност, на некои воопшто не, но потврдено е дека момците кога сериозно ќе не свиѓаат, го допираат долниот дел на грбот, барем за кратко нежно да си ја стават раката околу нас.
  4. Покажува интерес за секоја мала работа во вашиот живот. Како на пр. зошто точно го избришавте вашиот профил на Pinterest. Кој се грижи зошто … Освен ако не станува збор за личност која сака да биде со вас. Тој се грижи!
  5. Тој ви го позајмува палтото. Ова е едно од оние кавалиерски манири кои се пред истребување, но момчето, ако навистина му се допаѓате, без сомнение ќе се откаже од неговото палто.
  6. Ви испраќа пораки во доцните часови. Да бидеме реални, никој не е буден во 3 часот наутро само затоа што се прашуваат како го поминавте денот.
  7. Ги лајкнува сите ваши слики на Инстаграм. Ок, не сите од нив, но сите на кои ве има вас или вашето лице.
  8. Неговиот парфем се чувствува на километри. Ако тој сака да ве импресионира, веројатно ќе се искапе во својот омилен парфем. И, потоа ќе се ишприца уште 20 пати. И уште десетина на облеката.
  9. Тој ви ја допира ногата додека разговарате. Верувајте ни, сигурно не е прашање на уживање во приказната отколку што ужива во вашите нозе.
  10. Тој се смее на сите ваши шеги. Во ред, можеби сте забавни со одличен смисол за хумор, но НИКОЈ не е толку смешен!
  11. Коментира на мали промени. Тој забележува дека ги пуштате ноктите, сте ги скратиле шишките, добивте нова торба, изгубивте неколку килограми …
  12. Тој гледа во вас. Но, навистина многу, многу често го забележувате дека ве гледа интензивно.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement