Меѓу нив – 9 слики и 2 керамички парчиња!
Во Лас Вегас се одржа аукција на Сотби, на која беа продадени 11 дела на познатиот уметник Пабло Пикасо.
Пред повеќе од 20 години, американскиот казино магнат Стив Вин, поранешен сопственик на хотелот Белаџо, почна да создава колекција од делата на Пикасо. По 20 години, делата на легендарниот сликар се продадени на симболично место – во ресторанот Пикасо во хотелот Белаџо, Лас Вегас.
Самата аукција била темпирана да се совпадне со 140-годишнината од раѓањето на уметникот. Вкупната сума за која се продадени делата е речиси 110 милиони долари.
Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Марија Тереза Волтер, достигна највисока цена од 40,5 милиони долари.
Првично се очекуваше да биде продаден за помала сума – се проценуваше меѓу 20 и 30 милиони долари.
Исто така, на аукција за 24,4 милиони долари е продадена речиси двометарска слика „Човек и дете“ од 1959 година и „Мртва природа со кошница овошје и цвеќиња“, која Пикасо ја насликал за време на нацистичката окупација на Париз во 1942 година за 16,6 милиони долари.
Керамичкото дело на Пабло Пикасо „Појадок на трева“ е продадено за 2,1 милион долари, а имињата на купувачите не се објавени.




