Покрај вообичаените елементи што се наоѓаат во бањата или во просторијата за перење (ако е одвоена од бањата), веројатно имате уште неколку ситници.
Без разлика дали чувате корпа за перење алишта, кофа за чистење или некоја козметика, претпоставуваме дека вашата бања има се што ви треба.
Или така си помисливте…
Некои работи можат да бидат корисни без ние да бидеме свесни за тоа
Една Тик-Токерка сними 10 од нив кои ги чуваат таму и кои апсолутно имаат смисла, но повеќето никогаш не помислуваат да ги стават на тие места.
Таа совршено го прилагоди својот простор:
1. Подлога со сите упатства за перење
2. Рамката содржи упатства за отстранување на разни дамки
3. На самиот ѕид обесила мала симпатична даска за „изгубени“ чорапи. Овие се оние што за чудо се губат во машината за перење.
4. Таа на самиот ѕид ставила метален двоен држач за закачалки, кој воопшто не зазема многу простор, и се вади целосно доколку е потребно.
5. Полици за организирање козметика
6. Еластична лента (ластик) што е прицврстена на машината од една страна, со цел да се овозможи вратата на машината да остане отворена и да влезе воздух, со тоа вашите алишта нема да мирисаат на влага.
7. Ставете клешти и сунѓери во украсните тегли
8. Чувајте течен детергент и белило во тегли со мали славини
9. Таа закачи даска за пеглање на вратата и направи доволен простор за пеглата
10. Таа исто така, на ѕидот закачи малку поголема табла за сушење алишта, која што не зазема многу простор кога е преклопена
