Со помош на далечинскиот управувач, можете да изберете една од осумте функции за масажа што се вградени во креветот.
Hariana е името на врвниот кревет за сите оние кои работат од дома, и кој има толку многу функции што никогаш не мора да станувате од него. Тоа е високотехнолошко решение на Jubilee Furniturea од Лас Вегас кое ги исполнува сите потреби.
Со помош на далечинскиот управувач, можете да изберете една од осумте функции за масажа вградени во неа. Тука е и подвижната табличка што се прилагодува на вашите потреби, вграден Bluetooth звучник со комплетен аудио систем и систем за прочистување на воздухот.
Креветот има и вградена полица за книги, ламба за читање, како и место за полнење електрични апарати. Исто така, доаѓа со безбеден заштитен код, простор за складирање на разни мали предмети и подвижна работна маса што можете да ги подигнете или спуштите по потреба.
Креветот може да се нарача во две големини – king (203х193 см) или queen (203х152 см) во различни бои и различни ткаенини. Во зависност од желбите, цената на креветот варира од 2.800 до 3.200 американски долари.



