Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил рекле „збогум“ од својот пентхаус на Менхетен

Имотот во Лос Анџелес што Џесика Бил и Џастин Тимберлејк го ставиле на продажба минатиот октомври допрва треба да најде нов сопственик. На другиот брег, пак, парот успешно ја заврши продажбата на својот пентхаус во една од најмодерните згради во Њујорк.

Двата имоти се извонредни. Куќата во Лос Анџелес некогаш била дел од големата резиденција на Ерол Флин. Има 1.350 квадратни метри внатрешност и над десет декари земјиште, а на пазарот се појави со барана цена од 35 милиони долари. Пентхаусот во Менхетен се наоѓа на 443 Гринич, адреса „отпорна на папараците“ која исто така ги освои срцата на Џенифер Лоренс, Луис Хамилтон, Мег Рајан и други ѕвезди.

Парот го купи имотот уште во 2017 година, издвои 20 милиони долари и го продаде за 29 милиони долари.

Прекрасниот стан содржи четири спални соби и четири бањи во станбена површина од 537 метри квадратни. Просторот на терасата додава приближно 200 метри квадратни на вкупната површина. Станот е дизајниран во зелени нијанси од обновливи материјали и зрачи со стил кој ја отсликува историјата на зградата.

Погледнете ја галеријата за да видите како изгледа луксузниот стан што Џастин Тимберлејк и Џесика Бил го продале за неверојатни 29 милиони долари.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement