Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Љубопитност и верба во своите соништа ќе ве направи да изгледате и да се чувствувате помлади од вистинските години

Многу жени задржуваат младешки изглед и одлики без разлика колку години навистина имаат. Делумно е под влијание на генетиката, но еве неколку атрибути што можат да придонесат за тоа.

Многу жени одржуваат младешки изглед и одлики без разлика колку години навистина имаат, како да нашле начин да го запрат времето. Дел од тоа треба да се припише на генетиката, но постојат работи што можете сами да ги направите за да одржите дете живо во вас, одлика што не прави да изгледаме помлади.

Осум совети кои сигурно помагаат:

Долга коса

Кратките секси фризури се многу привлечни, но ништо не подмладува исто како долгата коса. Косата отсекогаш била знак на виталност и плодност. Ако сте од оние жени чија коса расте како плевел, само пуштете ја. Ако не, може да помогне да се земат витамини за коса, нокти и кожа.

Весели кадрици

Сè уште сме на коса: Ја паметите Ширли Темпл – витканата коса го омекнува лицето и му дава младешки изглед, додека права и опуштена коса го издолжува. Витканата коса честопати е поврзана со дивост и слобода, кои се младински атрибути. Се разбира, ова варира од жена до жена, па дури и оние со кратка и права коса можат да изгледаат младешки.

Пеги

Пегите се како ангелски бакнежи и често се поврзуваат со младост и младешки изглед. Сите се сеќаваме на Пипи Долгиот Чорап. Добрата вест е дека можете да ги имате дури и ако ги немате природно: можете да ги нацртате на лицето со сенка, што е честа појава на модните ревии денес.

Дупчиња на образите

Можеби не сте знаеле дека дупчињата се всушност деформација на мускулите на лицето. Во многу култури, тие се сметаат за знак на привлечност. Дупчињата се честа генетска одлика што се појавува во детството и може да исчезнат со текот на времето, но не секогаш исчезнуваат. Нивната популарност веројатно се должи на фактот што ги поврзуваме со насмевка, а потоа и со радост.

Радост

Радоста е опишана како чувство на големо задоволство и среќа. Се чини ретко да се најде атрибутот на радост кај возрасно лице, бидејќи животот може да биде тежок, но луѓето кои одржуваат весел дух и позитивен поглед на светот можат да дејствуваат многу моќно и – младешки.

Чиста уста и заби

Чиста уста со бели заби и свеж здив е уста која веројатно ќе се насмее повеќе. Здравите и белите заби ќе го подобрат целокупниот впечаток и се лесен начин за „соблекување“ на години. Но, ние не мислиме само на чистота во вистинска, туку и во преносна смисла: воздржувањето од пцуење и грдите зборови исто така ви помага да се однесувате младешки, наместо да оставате впечаток на пијан морнар.

Љубопитност

Дали се сеќавате дека некогаш сте имале милион прашања за сè? Можеби сеуште ја имате таа движечка сила да научите нови работи. Љубопитноста е прекрасна затоа што ве води кон нови откритија во животот. Таа е поврзана со страста, која обично ги краси младите, кои не се плашат да истражуваат, читаат, патуваат и што и да е потребно за да најдат одговори.

Сонување

Волт Дизни рече дека можеме да постигнеме сè што сме сонувале, затоа – сонувај. Способноста да се остане верен на соништата и верувањето дека се можни е дефинитивно младешки атрибут. Можеби сте во момент од животот каде што се чини дека вашите оригинални соништа се апсолутно невозможни да се постигнат, но работата е што можеби треба да започнете само да верувате во новиот сон и да се држите до него, пренесува порталот Allwomenstalk.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement