Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете го одблиску најстариот хотел во светот

Која е тајната на долготрајните и успешни бизниси? Очигледно, семејството што управува со хотелот Nishiyama Onsen Keiunkan во Кјото го знае одговорот на тоа…

Овој неверојатен хотел, кој ја носи титулата најстар во светот, моментално е под водство на педесет и втората генерација на исто семејство, кој го управува повеќе од 1.300 години. Запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстарото одморалиште во светот, хотелот е проширен и модернизиран неколку пати во текот на своето долгогодишно постоење.

Иако е модернизиран во согласност со денес, тој сепак го задржува својот историски и традиционален стил и атмосфера. Со простории што содржат душеци од татами и без интернет-врска, посетителите се оставени сами на себе и да уживаат во мирната и идилична околина. Гостите, исто така, можат да уживаат во говедското месо „Кошу“ со највисок квалитет во хотелскиот ресторант, додека тие можат да станат дел од јапонската култура со караоке вечери. Секако, пливањето во реномирани топли извори во неверојатна околина со поглед на планините и клисурите, е централниот настан на целото искуство.

Првично основан во 705 година од Фуџивара Махита, син на помошникот на 38-от јапонски император, хотелот угостил многу луѓе – од самураи и шогуни, до политичари и познати личности, но и љубопитни луѓе од целиот свет. Хотелот и денес сака да биде олицетворение на непроменливото гостопримство за кое е познато семејството што го води, кое дефинитивно ќе им се пренесе на идните генерации.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement