Ако имавме 7,9 милиони долари вишок, дефинитивно знаеме на што би ги потрошиле.
Познатата оскаровка Сузан Сарандон одлучи својот стан во Њујорк да го пласира на пазарот на недвижнини. Дуплексот се простира на 550 квадратни метри и се состои од 6 спални соби и 5 и пол бањи. Како што доликува на стан на славни, тој има и свој приватен лифт. За оваа луксузна зграда која има неверојатен поглед кон знаменитостите на Менхетен, како што се Емпајер стејт билдинг и Еден светски трговски центар, потенцијалниот купувач ќе треба да издвои дури 7,9 милиони долари.
Иако во огласот се наведува дека станува збор за стан за славни личности, од начинот на опремување на станот станува јасно дека станува збор за актер или актерка, со оглед на тоа што има посебен простор за читање на сценарија. Посебните карактеристики на овој стан, покрај надреалниот поглед, вклучуваат самостојна када во една од спалните соби, ѕид во дневната соба целосно направена од огледала, библиотека, дури две гардероби и прекрасен агол со камин.
Мора да признаеме дека станот на Сузан е украсен по наш вкус, па не можевме да одолееме детално да ви го покажеме.
















