Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во модерниот дом на Крис и Лиам Хемсворт во Малибу

Познатите браќа Хемсворт, Крис, Лиам и Лук заедно купиле неверојатна куќа во Малибу, САД, а неодамна ја продале за 4,25 милиони долари.

Тројцата австралиски актери видоа дека нивните кариери земаат нагорна патека кога решија да се преселат во Америка. Лук и Крис сега се вратија во Австралија со своите семејства, а Лијам се пресели таму по разводот со Мајли Сајрус.

Куќата што ја купиле во Малибу била идеална за нивниот животен стил, бидејќи филмските ѕвезди ја сакаат природата и спортот. Вилата е изградена така што нејзините балкони нудат прекрасен поглед на планината Санта Моника и океанот.

Куќата има четири спални соби и четири бањи. Изградена во модерен стил, куќата се карактеризира со отворен простор за живеење така што секоја соба нуди прекрасен поглед на околните пејзажи.

Во главната спална соба има бања украсена со златен мермер, а има и голема гардероба на која е посветена целата соба. Подовите во куќата се создадени од полиран цемент кој убаво се комбинира со бели ѕидови и е идеален за оние кои имаат голема колекција на уметнички дела.

Покрај удобниот ентериер, вилата се карактеризира и со одлични екстериери. Пред вилата има дневна соба со камин за одмор за време на прекрасните летни вечери. Вилата има и сауна, винарска визба, кино и библиотека.

Откријте повеќе во фотогалеријата.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement