Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во луксузниот станот на супермоделот Бела Хадид

Бела Хадид, една од најуспешните модели на нејзината генерација, со лице кое е изразено и уникатно, бара нов дом во Њујорк…

Како една од најпопуларните IT девојки во светот, Бела ве остава без здив со својот стил, став и успех, негувајќи начин на живот на кој многу и завидуваат. Пред две години, таа купила стан на Менхетен, што е олицетворение на елеганцијата во софистицираноста.

Иако поголемиот дел од карантинот поради вирусот корона го поминала на семеен ранч во Пенсилванија со нејзината сестра Џиџи, манекенката го задржа својот дом во градот поради деловни обврски. Сепак, денес, таа сака да ја смени адресата на живеење. Откако го купи овој стан во 2019 година, сега има желба да го продаде за 3.000.000 долари.

Станот во стилот на мансарда, чија површина е 203 квадратни метри, се наоѓа во срцето на Сохо, има две спални соби, две бањи, приватна тераса, прекрасно осветлување по мерка и вградени гардеробери. Карактеризиран со неутрални тонови и дрвени површини, станот зрачи со удобност и комфорт, што ве поканува да го промените темпото на вашиот живот и да уживате во секој момент што ви е даден.

Жал ни е што фотографиите од гардероберот не се достапни во списокот – навистина би сакале да ѕирнеме во ормарот на најмодерната девојка на светот!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement