Актерката Винона Рајдер го продава својот дом во Сан Франциско за пет милиони долари.
Винона Рајдер купи куќа во Сан Франциско за 1,3 милиони долари уште во 1995 година. Сега нејзиниот дом во кој помина 25 години се продава за пет милиони долари.

Домот на актерката има три спални, три бањи, камин и голем отворен двор. Куќата е изградена во 1902 година и има приземје и два ката.

Куќата се наоѓа во едно од најдобрите населби на Сан Франциско и има скоро 300 квадратни метри. Како што може да се види на фотографиите, куќата има многу големи прозорци и е украсена со одличен поглед кон градот и неговите знаменитости како Алкатраз и мостот Голден Гејт. Куќата има и гаража.

Актерката Винона Рајдер самата се најде во центарот на вниманието повторно по улогата во серијата Netflix “Stranger Things“. Винона Рајдер е во врска со модниот дизајнер Скот Мекинлеј веќе девет години, но тие не планираат брак.










