Историската куќа во Холивуд Хилс, во која е направена познатата фотографија на Марлон Бренд со првиот Оскар во 1955 година, се продава за скоро 4,5 милиони долари.
Вилата во медитерански стил е дизајнирана од архитектот Алфред Лејхт во 1926 година. И иако од тогаш е значително модернизирана, со посебно внимание насочено кон кујната, повеќето од архитектонските детали останаа непроменети.
Вилата има невообичаена кружна кула и црвен покрив со плочки, додека е ориентирана кон Sunset Strip, а огромните прозорци од спалната соба нудат поглед на речиси целиот Лос Анџелес. Зад гломазната и импозантна влезна врата се наоѓа асфалтиран ходник и спирално скалило што води кон дневната соба.
На приземјето има библиотека, трпезарија исполнета со природна светлина, агол за појадок со прозорец и модерна кујна. Горе има четири спални соби, од кои едната има пристап до сопствената застаклена тераса. Внатрешноста се карактеризира со светли бои, што е особено видливо во дневната соба, каде дизајнот на софата е нагласен со ориентални килими, фиоки и маси во колонијален стил. Куќата последен пат беше ставена на продажба во 2018 година кога ја купи Џон Гилберт Гети, внук на нафтениот магнат Жан Пол Гети.









