Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во беспрекорниот амбиент на бутикот Versace

Најновиот дом на брендот Versace сака да го направи вашиот ентериер уште помодерен …

Италијанскиот луксузен бренд штотуку ги отвори вратите на својата нова продавница Versace Home во Милано. Просторот беше лансиран во соработка со бутик за луксузен дизајн на ентериер и мебел, Interior Spa. Концептот на бутикот ќе ги претстави најновите дизајни за мебел на познатиот бренд, создадени во соработка со Lifestyle Design.

Во најголем дел, создадено како дело на студиото Vudafieri Saverino Partnerst, структурата на бутикот е создадена за да предизвика вистински дом, споделувајќи ја естетиката на Versace резиденцијата. Комплетиран со влезна сала, трпезарија, долги ходници, master апартман кој содржи спална соба и седење. Овој распоред на просторот всушност не е ништо ново – тој е дизајниран на таков начин што ќе ви помогне да замислите точно како одредени парчиња мебел би се вклопиле во вашиот ентериер. Исто така, постои скриена градина, исполнета со парчиња за надворешноста, што исто така емитира голема доза на инспирација.

Во случај да сте заборавиле каде сте, акцентите во форма на златен лист може да се видат на сите излози, дизајнот на мебел и задниот дел на полиците за книги. Како почит кон уникатното истражување на текстурата Versace , ткаенинските завеси се заменети со мрежести панели создадени од жица, што на целиот амбиент му дава допир на индустриски стил.

Versace сигурно не е странец кога станува збор за украсување на домот. Миланскиот бренд создава производи од ваков тип од 1978 година, а во изминатите четири децении тие беа дел од интересни соработки и секогаш создаваа свежи и модерни понуди. Истото може да се каже и за овој бутик – бидејќи земјите ширум светот полека почнаа да ги отвораат вратите за меѓународните патници, љубителите на дизајнот дефинитивно ќе сакаат да го додадат на нивната „must-see“ листа.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement