Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Шаховски комплет од 200.000 долари

Вистинскиот и чист луксуз во спортските сувенири често носи своја приказна…

Овие скапоцени камења се ретки и носат знаци на настани што ги надживеале или во моментот кога биле прославени. Дизајнот на сребрениот јубилеен шаховски сет за нејзиното височество, што е дело на Џефри Паркер, влезе во аналите на луксузниот спортски дизајн. Престижниот сет е создаден во спомен на 25-годишнината од крунисувањето на кралицата Елизабета, а и бил подарен во 1977 година. Според наводите, биле создадени само два комплети – едниот бил наменет за кралицата, додека другиот бил создаден за љубителите на шахот кои можеле да си ја дозволат ексклузивноста.

Ако сакате овој сет да биде ваш, но не успеавте во вашата намера, имаме одлични вести за вас. Единствениот лимитиран шаховски комплет сега е достапен на продажба, во совршена состојба. Фигурите од сетот се создадени од сребро, декорирани со златни лисја, гравирани со потписот на кралицата, кој ја краси шаховската табла создадена од кожа.

Сетот го рефлектира посебното внимание што е насочено кон деталите. Кралскиот печат на коњаницата и ловците потсетува на традицијата за дизајн на Стаунтон, која датира од 1849 година. Патем, брендот Geoffrey Parker & Company е позната во светот на луксузните шаховски комплети. Нивните дела обично се наоѓаат во најдоброто друштво, односно на скапи јахти, во приватни авиони и во најлуксузните вили на светот. Секој комплет е рачно изработен, што е во согласност со традицијата на брендот, основана во 1958 година.

Овој комплет ќе ги чини сите заинтересирани колекционери близу 200.000 американски долари, а исто така носи и сертификат за автентичност што гарантира дека сте ја купиле вистинската работа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement