Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Хотел од бајките во срцето на јапонската шума

Токиското студио Klein Dytham Architecture, креативно го дизајнираше PokoPoko како клубска куќа и центар за активности опкружен со шума, во близина на хотелот Risonare Nasu во руралниот дел на Јапонија….

Конструиран во градот Насу, сместен во сенката на истоимените планински вулкани, хотелот и клубот се наоѓаат во едно расчистување, опкружено со шума, помеѓу два постојни блокови за сместување. „Концептот се засноваше на создавање бајковита градба во срцето на шумата. Сакавме студиото да се издигне над крошните и да стане икона на шумата, како и обележје на хотелот, што ќе се види од голема далечина“, објаснуваат архитектите.

Лоциран на патеката што ги поврзува двете локации на хотелот, PokoPoko се состои од три поврзани дрвени прегради, што му даваат интересна силуета. „Клупската куќа го доби својот облик од јапонскиот збор поко-поко, кој е ономатопејски“, велат архитектите. Новата зграда ќе им биде достапна на гостите во хотелот како центар за разни активности и простор за релаксација – секој од трите оддели има своја посебна функција, додека централниот е посветен на готвење и јадење. Тука, гостите со своите деца можат да учествуваат во разни работилници и да ги научат јапонските тајни на совршен џем.

Покрај централната купола, има уште две, малку помали, од кои едната е наменета за деца, а другата за возрасни. Во централниот дел на детската област има бела мрежа за качување, опкружена со јама со топки. Делот за возрасни е центриран околу огништето опкружено со модуларни зелени софи создадени од истото архитектонско студио, со тоа што двата дела се отвораат на прекрасна тераса, каде што има дополнителен простор за седење покрај јамата за камперски оган.

Кровната конструкција на објектот е изградена од бор. „Локалното дрво беше природен избор за овој дел на рурална Јапонија. Ние работевме со водечка компанија „Shelter“ за да ја создадеме оваа навистина уникатна структура “, велат архитектите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement