Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Фрлете еден поглед кон највисокиот стан во Њујорк

Ако отсекогаш сте сакале да живеете во Њујорк, сега можете да ја пренесете таа желба на највисоко ниво, буквално…

Новите станбени облакодери на овој град се искачуваат кон облаците и очигледно, имаат намера да ги надминат. 111 West 57th, нов облакодер што треба да се заврши наскоро, ќе биде висок 435 метри, додека на пример, зградата на 432 Park има висина од околу 420 метри. Новата кула Central Park, за која зборуваме денес, ја надминува секоја од нив со височина од 472 метри и им ветува на своите жители живот на висока нога и неверојатен поглед.

Резиденцијата на шеесет и шестиот кат од овој облакодер, со површина од околу 300 квадратни метри, доаѓа со три спални соби и три бањи, и ќе ве чини 21,8 милиони долари. Blainey North & Associates се погрижил за внатрешниот дизајн на овој домашен модел, користејќи парчиња од неговата колекција мебел, додека, исто така, соработувале и со брендовите Rug Company, Gabriel Scott и Urban Electric Co.

„Бевме инспирирани од звуците на Њујорк. Како некој што доаѓа од другата страна на светот, од Австралија, сеприсутниот шум на Менхетен е една од неговите дефинирачки карактеристики. Тој звук секогаш ме погодува кога доаѓам во овој град и ми нуди сигурност“, објаснуваат дизајнерите. Според наводите, нивната визија била да создадат простор сличен на одморалиште, и покрај секојдневната какофонија на Менхетен. Можеме да забележиме неколку пофалби за оваа аудитивна тема низ целиот стан – британската уметница Надја Ен Рикетс ги обложи sидовите со текстурирани материјали со модели што директно ги имитираат звучните формации на популарните песни, додека во дневната соба има текстил што е омаж на Битлси песната Lucy in the Sky with Diamonds..

Станарите од овој дом, исто така, ќе имаат пристап до пакетите за придобивки од Central park Tower. Само оние што живеат во оваа зграда ќе можат да пристапат до ексклузивниот клуб Central Park, простор од 5.000 квадратни метри, распореден на три нивоа. Исто така има и тераса на отворено со базен и салони, бања која нуди третмани за масажа и фантастично опремен фитнес центар. Дури и предворјето на овој облакодер е неверојатно создадено – украсено е со нарачан лустер Lalique составен од 2.000 кристали.

Заинтересираните веќе можат да купат куќа на 66 -ти кат, или една од преостанатите 179 единици во зградата. Цените на становите започнуваат од 6,9 милиони долари, додека становите на повисоко ниво достигнуваат бројка од речиси 70 милиони.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement