Секој пат кога сакате да избегате од градот и неговата урбана средина, оваа вила може да послужи како инспирација за нова авантура …
Архитектонската фирма ZJJZ неодамна ја заврши градбата „The Mushroom“, уникатна мала куќа опкружена со борова шума во кинескиот град Жангси. Дизајнот на куќата вклучува кровна конструкција обложена со дрвени ќерамиди, која ја надополнува гранолитната бетонска основа и полека ќе ја менува бојата со текот на времето, овозможувајќи викендичката да се вклопи донекаде со околната природна средина, нудејќи голема приватност на своите станари и неверојатна количина удобност во внатрешноста, без оглед на малата квадратура.
Куќата е изградена така што не го допира шумскиот под, минимизирајќи го влијанието на конструкцијата врз самата локација и овозможувајќи влез од надворешните скали. Внатре, има спална соба со закривени панорамски прозорци кои овозможуваат прекрасен поглед на природата, што ве поканува на интроспекциска сесија, додека седите покрај нив со омилениот топол пијалок во раце, чекајќи да се распрсне утринската магла.
Купатилото има вградена када со хоризонтален прозорец, дизајнирана да обезбедува приватност од надворешните патеки, истовремено овозможувајќи поглед на прекрасни пејзажи, овозможувајќи вашите мисли да талкаат некаде далеку, враќајќи ве со нови идеи и енергија треба да излезете како победник од друг работен ден.









