Празниците поминати во едно од најдобрите луксузни одморалишта во светот сместено на Алпите, може да бидат токму она што ни треба…
На вакви места, неверојатните колиби и брвнари исполнети со елеганција и луксуз, честопати го претставуваат првото нешто што луѓето можат да го видат по пристигнувањето. Сепак, постојат начини целото ова искуство во ексклузивното и елитно одморалиште, како и уживањето на најдобрите скијачки патеки во светот, задолжени за збогатување на нашите сетила, да се реализира по малку пониски цени на пакетот.
Прекрасната и уникатна ски-дестинација Етоил Филанте во Вал Д’Изер, го нуди токму тоа со помош на неговиот ексклузивен и достапен модерен дуплекс, задолжен да го оствари сето најдобро што француските Алпи можат да го понудат оваа празнична сезона, без да плаќате екстравагантни вили.
Прекрасниот дуплекс апартман, на сите гости им нуди екстравагантен ентериер, каде што големиот камин го има главниот збор. Покрај дневната соба, има трпезарија и кујна, со влезно ниво што води кон балконот од другата страна и ветува некои од најубавите алпски погледи што некогаш ќе можете да ги видите. На горниот кат, гостите можат да најдат тивка работна соба, од која патот води до четири спални соби кои удобно можат да примат девет лица истовремено. Главната спална соба и уште двете дополнителни детски соби овозможуваат беспрекорен поглед кон Алпите, што е одлика на скоро секое домаќинство во Вал Д’Изер.







