Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Толку пространо! 10 купатила на познати дами големи како гарсониера

Многу жени сонуваат за големо купатило во кое може да се смести пространа туш кабина, прекрасна када, посебни мијалници за неа и за него, фрижидер за козметика, ормани за пешкири и други многу потребни ситници за максимално уживање.

И додека повеќето жени се согласуваат со поскромна верзија на тој сон – и се обидуваат да го организираат по свој вкус – познати дами од светот на шоу-бизнисот можат да си дозволат најлуксузна недвижност, највешти градители и најдобри дизајнери на ентериер да ги задоволат своите соништа.

Не е ни чудо што нивните прекрасни купатила изгледаат како да излегле од некој каталог на луксузен мебел. Тие обично имаат многу дневна светлина и се добро проветрени и се направени од најдобрите материјали што парите можат да ги купат.

Покрај сето тоа, тие се толку пространи што имаат површина од просечни гарсониери во Македонија. На крајот на краиштата, ви треба многу простор за да поставите масивна туш кабина во која може да се смести четиричлено семејство или огромна топла када.

Некои купатила се толку пространи што се составени од неколку меѓусебно поврзани простории, а славните дами го исполнуваат вишокот простор со некаков стол за дневна соба, дневен кревет или слично нетипично парче мебел.

Погледнете ја нашата галерија со фотографии и видете како изгледаат купатилата на познатите дами.

Големото купатило на Ева Лонгорија

Пространо купатило на Кејли Куоко

Купатилото на Дакота Џонсон

Купатило Криси Тајген

Купатило Рис Витерспун

Купатило Мајли Сајрус

Купатило Елен ДеГенерис

Купатило Камерон Дијаз

Купатило Кирсти Алеј

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement